Стискајќи ја цигарата со тврдите усни, тој чкрапна налутено со ќибрит и го забуца лицето во осветлените дланки.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И изгасни ја цигарата. Од нејзиниот дим ѕвездите потемнуваат.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Упорно го пребаруваше џебот што веќе одамна не постоеше, барајќи ја цигарата што ја немаше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Не вадејќи ја цигарата од големата уста ја цицаше и ми дуваше в лице лут чад.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)