Од пеколната врева сонцето искпука и ја нападна земјата со усвитен дожд.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дождот ја нападна земјата како армија што се прикрадува во непријателска територија во глува доба на ноќта, така што, кога ќе се разбудат жителите, ќе се најдат под оваа окупација.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Откако безуспешно ја нападна со чај од канабис, премина на „тешка артилерија“: си ја свари омилената супа со фиде во форма на букви.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)