ја (зам.) - да (сврз.)

ДИМИТРИЈА: Твојата кариера стави си ја ти во газот,а мојата скапана куќа остави ми ја да ми се сруши врз плеќите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Оставете ја да одмори и ставете една нова единица крв - се слушна гласот на главниот доктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не приоѓајте му, Оставете го. Три жени со бели шамии околу главите Му претскажуваат, црвена жед од која ќе изгори земјата и дека низ провалиите на исушени мориња со векови надоаѓаат заточеници да го видат како се скаменил чекајќи ја да мине девојката на залез сонцето што ја оплоди.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
— Море, лели а втераме внатре, здравје да има за бегање, токо, ајде побрго да а завртиме, та да и а дада „неделата“ и ја да се порајтисам и да вида по некоа женцка работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Раскажи ми твој’т помин, јадове и глоби, милвам ја да слушам, бабо прикаски од баби...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
И сичкии слушале: „Пресвјатаја Богородица да покаже некое чудо за уверение, зашто немам кабахат. Ја да се избавим от ова осуждение и клевети“.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
ЛУКОВ: (Исчекувајќи ја да сврши.) Од Вас, госпоѓо Христова, не се бара да поверувате, туку... да слушате и да се потчинувате. (Пауза.) Впрочем...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)