А јас молчев Со главата меѓу дланките, Сонувајќи го вулканот Што сега ме облева Со жештина што гори Во табаните, Во слабините, Во слепоочниците.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Јас молчев поцрвенет. Место мене се јави Бане: „Господине, тој уште не добил нови чевли“.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Бане беше вцрвен и намрштен: Јас молчев и чувствував некаква кривица дека можеби заради мене, за кого се заложи, тој ги губи своите нови чевли.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ти молчиш, јас молчам, црвена самогласка како касај од недоџваканото јаболко на Ева, се препречила во грлото и сега само ааме, еаме, иаме, оаме, уаме...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Јас молчев. Што можев да кажам. Херој, а неразбран.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јас молчев. Потем реков: „Се знае што треба маж да има за да има мир во куќата.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас молчев. И тој кратко молчеше, се мачеше, а потоа рече: Слушај, вели, сакам да кажам за парите, за плаќањето. За тоа јас имам работа со него, не ти.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тие ме прашуваат, а јас молчам. — Не седи на ушите, ми вели Јоанидис.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас молчам, не се мешам во нивната омраза.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас молчам и горам ко свеќа запалена под некој голем црквен трем.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И за миг ми се присторуваше дека го здогледувам татко му Ведран.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А подоцна, кога веќе беше роден, многу често, само и да помислев: "Мој Иван е овде" - веднаш ми се причинуваше дека тоа име го слушам изговорено од некого и тоа на сет глас, иако јас молчев.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И тоа, замислете си, во очите на мојот син Иван го здогледував Ведрана.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сакав да им кажам дека светот ќе биде обеспокоен од писмата на фантомите од подземниот град но на Кузмана му се заколнав дека ќе молчам и јас молчев.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Иако таа можеби веруваше дека прилично умешно ме има изложено на рафтот на срамот јас молчев, и вистински чувствував како да ја имам нарачано за себе отсутноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дино продолжи да си јаде, одвреме-навреме погледнувајќи ја мајка му, а јас молчев гледајќи ги, за по некое време да ја видам мачката како мирно си излегува од зад каучот и се прошетува пред сите нас, како ништо да не се случило.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но, зборовите ми се тркалаа низ устата и како да ми паѓаа врз нечистиот теписон.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Ќе ме помниш ли по добро?,“ ме праша. „Зошто зборуваш така? Ништо не е завршено.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Едно утро, една година по заминувањето на Рајнер, додека се приближував кон неговиот дом, го видов како стои зад прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас молчев и мислев на Рајнер; во мене се бореа стрепењето дали ќе се врати и сигурноста во неговото ветување. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Човекот е сон на една сенка,” рече Рајнер. Јас молчев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дојдовме во црквата. Јас молчев ама забележав многу луѓе како стојат кај гробот лево од патот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И јас молчев и се прашував: кога Билјана ќе ме запраша: „Тато, а што има зад ридот?“
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)