јас (зам.) - оди (гл.)

Јас тогаш бев помлад и ако имаше некаде да се гонат одметниците, јас одев.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во тоа време јас одев - идев од Цариград, но останав кастилје кога дојдоа зографите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога јас одев во гимназија мајка ми беше строг родител.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Баба ми и дедо ми живееја во населбата Автокоманда кога јас одев во основно училиште.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ти оди, јас одам по друга работа.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Па јас ја имав тетка Рајна и секој ден, кога таа не ќе дојдеше јас одев кај неа... но не беше во тоа работата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Јас одам не затоа што самиот го побарав тоа, туку затоа што некои мои пријатели – дипломати од Британија и Франција инсистирале кај овдешните служби да ми издадат излезни визи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„И?“ Можеше да игра фарса - да ни каже дека некој странски дипломат измолил да ги пуштат неговите деца, него и жена му, а самиот тој е немоќен да стори што и да е за спас на други луѓе; можеше да игра фарса, но тоа не беше негов жанр.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
МЕТОДИ: Тогаш, ти дочекај го Ивана и Младичот, а јас одам да го однесам ова... (Мавта со писмото.) ... горе. (Излегува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас се откажав.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ние се ценкавме како цигани и јас одев кај него најмалку десет пати.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Сите пилишта личат на пилишта, вели Јон, сите пилишта се пилишта, вели иако различно се викаат, вели и ја крева мотиката, тргнува нов ред да забере. Јас одам по него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас одам крај нив, им мавтам со рака, а тие само одат и не се обѕираат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас одам на плевна, бегам од куќата. Се кријам ко мачка, ко кучка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почекајте, вели Јон, само малку почекајте, вели и оди в пондила. Јас одам по него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас одам кај Уља и се чудиме со народот што растрчува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас ќе ѝ светам, велам јас, и го земам фенерот од Левтерија и Левтерија оди напред а јас одам по неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајката, ќе си речам, селото мое беше нагоре, зошто јас одам надолу. И ќе се повратам назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му свирнува на Чако, јас одам по него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој им фрла една ракатка слама на кравата и на магарето, јас одам по него. 53
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Снегот имаше напаѓано, а одоздола беше сува шума, па почнав да се лизгам и не можев да се задржам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Партизаните отстапуваа, а јас одев напред.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ТЕТИН ПОЛ: Тој одеше, јас одев.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Денес јас одев по улица, знаете, и си мислев: колку години ние со вас се познаваме, Алексеј Максимович, седум, така ли?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
АНДРЕЈА: Мамо, јас одам. МАРИЈА: Каде сега и ти? АНДРЕЈА: По работа. Така излезе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Е, не беше така, јас одев прв, - срипа Мите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Шишман зина во него со подотворена уста и чу: - Јас одам кај командирот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јас одам по неа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, јас одам по него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас одам, а и снегот иде по мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас одам наназад, а тој само поидува, го кривоколчи лицето и само мава, си удира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
9 Така, додека јас одев на пробната работа, Стомачето се врткаше во некои сомнителни кругови.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас одев на работа. Сѐ уште не ми кажуваа дали ќе ме вработат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Леле, ама давиш, ќе ме умреш со таа Хармонија – се налути Саше – ти нормална си или не? Јас одам на летување, а не на учење.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Нормална сум и тоа како – го повиши гласот тетка ми – ти многу добро знаеш зошто го зборувам ова.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Бато, богаташи беа? - Ух, да знаеш само! И базен имаа во дворот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Баш така! И јас одев со нив и можев што сакам да ставам во количката.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)