Некои велат дека вие пеејќи за вашата Мајка, пеете за Палестина...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Проклет да бидам, јас пеев, плачев, се смеев, лазев, летав, паѓав, умирав, оживував, голтав вода, тонев, се губев.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Махмуд Дарвиш мигум се оттргна од внесеноста во пејзажот и со повишен глас, можеби во знак на протест рече: - Да, луѓето се убедени дека јас пеам за Палестина, но јас пеам само за мојата Мајка...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Откако завршив Махмуд Дарвиш загледан кон другиот брег на Езерото, тивко се огласи: Луѓето се убедени дека кога пеам за својата мајка, јас пеам за Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За светите книги со кои ја минавме границата. За молитвата која ја шепотевме во тишината на ноќта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не, јас пеам само за мојата мајка. Таа од далеку ме следи, јас ја препознавам во мојата тишина, која другите не ја разбираат...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)