Одеднаш ме прегрна повлекувајќи ме кон себе, - како да сакаше да каже, што и да е не грижи се, татко ти и јас сме тука. Очите ми се наполнија со солзи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- странските негативци (читај: терористи) се Руси и други екстремни Словени, по некој Германец, Арапин и жолторас, а домашните се поединечни психопати, оптоварени од трауматичното детство; - двојниците на странските политичари – Горбачов со бемка на челото, Садам Хусеин, папата или Далај Лама се омилени епизодисти во пародиите и комедиите; - на крајот од филмот, странскиот криминалец експлодира со стариот дворец (странски), храмот (странски, древен) итн.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Алберт и јас сме само припадници на една генерација што заминува, тој поважен, јас поневажна, вели Дени, но нашата суштина ќе остане во Clock House.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ти и јас сме само понекад такви, но и кај Буколовци има поблаги представници.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Од моментот кога слушнав што ни препорачува размислувам само за тоа дека ти и јас сме повикани да го сочуваме она што тој се обидува да го растури.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Ајде мамо, не зборувај така.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сè уште не можам да кажам нешто поодредено, бидејќи моите пријатели и јас сме уште во фазата на планирање.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
И ти и јас сме биле во војна.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И затоа од секоја страница на својата книга за Мојсеј, брат ми како да крикнува: „Ни тој ниту пак јас сме Евреи; јас сум, како и тој, самороден водач и пророк!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Вечерта на оној ден кога нашиот брат засекогаш замина од Виена, моите сестри тивко зборуваа дека сега е најважно тој од Лондон, со помош на своите пријатели, што поскоро да ни овозможи да заминеме и ние.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
ЛУКОВ: Госпоѓо Христова, Вашиов уважен сопруг и јас сме овде поради една многу важна работа. Работа од историско значење.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)