Јас станав новата мета иако ни првата не беше доработена, тој наизменично сакаше да игра со двете, а Лима непречено ги губеше нервите и ја јадеше самодовербата кога тој ќе се свртеше со своите игриви очи кон мене.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
И затоа, кога јас станав коџобашија, мухтар, и подоцна кога го избиравме Лазара, ним не им беше право. Ама така беше волја на маказарчани.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Така јас станав миловидна лажга која почна да си верува на сопствените лаги.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Земанек стана и беше решен да дојдеме попосле, на претставата од пет; но јас станав и, како што редовно ми се случуваше во последно време (да зборувам нешто што воопшто не го мислам, небаре имам туѓ јазик, небаре живеам исечоци од туѓ живот), реков: „Да, господин.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Можам да замислам каква болка ѝ нанесов (оти сега знам што значи да бидеш мајка, кога и јас станав мајка).
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ете, Пандо, така јас станав падавичар.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Лесно се погодија, зашто тие никогаш не се караат меѓу себе, а јас станав да видам кој ѕвони на вратата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Во некоја рака јас станав негов татко.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но неговата проекција, неговиот татковски трансфер на мене, помина незабележан од обајцата.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Јас веќе не бев цел човек, јас станав две половини. Срце и мозок.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Проклет да бидам, самиот себе се колнам, јас станав неверник, лажго, во мене се родија некои проклети, лоши чувства, неосетно почнав се да мразам, во домот, дури и децата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)