јас (зам.) - можеби (мод.)

Татко, па јас можеби по овој начин те поштедувам од многу непријатности.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во таа ситуација, јас можеби доста лесно се извлеков.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас можеби и ќе му кажев, ама мене тогаш во очите ми навреа солзи и за да не ме види, јас речиси излетав од неговата канцеларија надвор од ходникот“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ти ништо не разбираш“, рече. „Јас можеби ништо не разбирам, но знам дека не се враќам ноќеска дома ако не разговараме“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Изгледа, Тета е во право, јас можеби навистина сум кич дете?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еве, на пример, воопшто немам желба да одам на филхармониски концерт и му се чудам на бато што толку го интересира таа музика и како може да му се допаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби тој од самиот себеси си страда.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од некоја неодредена болка за која не смее дури ни да мисли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и сега, мислам во моментов, јас можеби и не сум неговиот најжежок проблем!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Дали и јас можеби имам манастир во срцето? – праша Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)