Останав, јас кутрата, без рака... Во Лерин ме ранија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Ами како да не правам така, како да не плачам, јас кутриот, сакатиот - липти тој - како ли, како да не плачам, јас несреќникот?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Издишна: - Ах, од каде ќе знам јас кутрата, кога сум ќора, кога не гледам...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Беше во фаза на премаленост: „Јас кутрата, беспомошната, што секој ја гази без пардон, сум непотребна во овој безмилосен живот“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А јас кутриот, бев готов уште да им речам дека Сталин заврши како еден од најголемите диктатори во светот, носи милиони, милиони невини животи на душа, на времето дури и склучи пакт со Хитлер, установи концентрациони логори, познатите Гулази, размести народи, забрани вери, промени азбуки на народи употребувани со векови...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И само в гроб јас кутрата, за мојта болна душа ќе најдам сладок балсам .. .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)