А јас негова најдобра другарка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Лагата е како кртот. Не може а да не си го покаже негде патот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Впрочем, го познавав јас неговото дишење и воопшто не ми беше потребна онаа направа, компас против лагата, за да узнаам што точно мисли дури и тогаш кога работите ги кажуваше скржаво и задскриено.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој којзнае каде, а јас неговите раце ги гледам да ми мавтаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со Дејан седиме на ѕитчето и гледаме како чадот што си го испуштаме еден на друг среде лице се меша со памук и дамки, ги отвораме устите и го дишеме чадот: јас неговиот, а тој мојот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Вечерите ги поминуваме сами со нашите цимери, а ноќта, кога Марија заспива, Дејан низ темницата се мушнува во мојата соба, се пикнува под болничките чаршафи и водиме љубов на разнишаниот метален кревет.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тој беше ексцентрик, а јас негова ќерка.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не сум ни јас неговата и тој го знае тоа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)