Колку и да сум претпазлив, низ буквите и редовите се исцртуваат патиштата и станиците, и јас потоа одам по нив и запирам, го чекам автобусот во кој е веќе речено дека ќе се качам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Убав ден ти посакувам – ме погали по косата кога стигнавме во мојата соба и јас потоа долго стоев на прозорецот, сè додека можев со поглед да го следам неговиот шарен и сјаен килим.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Вие не знаете, мене таа, втората мајка, морав да ја викам мама, секој ден ме тепаше и јас потоа плачев и цела ноќ си мислев што да направам и како да се насочам правилно, за да не ме тепа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Следејќи го својот главно интуитивен систем, јас потоа се интересирав за нивните лица и ставот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)