јас (зам.) - тогаш (прил.)

Станав јас тогаш, го притиснав тоа едно копче што му е на располагање на претседателот и почнаа сирените да завиваат низ кабинетите, канцелариите и ходниците на Парламентот, на владата и на сите нивни институции.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас тогаш бев помлад и ако имаше некаде да се гонат одметниците, јас одев.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас тогаш реков: „Разбирам“, реков, „многу добро од ваша страна што сте мислеле за доброто на Маказар, но знаете, туристичките места не се прогласуваат туристички со закон, туку тие или се, или не се тоа“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За столот го закопав јас тогаш тој Динета и повеќе да кркне не го чувме.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тогаш јас скокнав од местото. Јас тогаш бев Скоевец.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А, не чини работата, си реков јас тогаш, ама ем така си велам ем никако да ми се поверува...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не знаев јас тогаш дека и тој минал тука, некаде во мислите мои само заборав од детството спиеше, жедно чекајки да биде пронајден како богатсво неизмерно, како чувар на борбеност а и традиција на оваа земја, тој се криеше.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Кога ќе кажеа дека разголувањето е “и неодоливо и неволно”, јас тогаш ги запрашував за тоа како наоѓаат време за разголување 10 пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога зборував со нив за ова тие ми рекоа дека можат да го добијат поривот дури и 10 пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Зошто да се тепаме? Јас тогаш не бев виновен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А јас тогаш имав дваесет години и служев војска.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој се пресоблече, ме прегрна и јас тогаш помислив дека ќе ме земе со него.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Соблечи се Христина, - ми рече и јас тогаш сфатив дека стојам облечена со чантата в раце сред кујна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Она што јас тогаш го работев беше концептуална, фотографија под влијание на деконструктивистичкото рекламирање во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас тогаш го заклав едното коковче. Имав три со петлето, а сега останаа уште две. А ги чував за некоја поголема мака, ама кога видов дека сѐ земаат, го заклав. 106
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште мајка ми велеше: „Кога се раѓа женско и стреите плачат“. Јас тогаш не знаев оти така ми вели мајка, ама сега знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас тогаш бев многу јака и работата се плашеше од мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас тогаш имав две години. Мајка ми имала четири деца и едно умрено девојче по име Маре, на девет години ослепено.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Устата ми беше полна со залак што не се голта, а е сладок, и затоа сакав да го задржам што подолго за да му ги ишмукам сите сокови кои беа крепителни за мојата душа и за моето тело, кои ме придвижуваа одвнатре и од мене ги исфрлаа сите непотребности, сите горчини, отрови, пизми, сите стравови и неизвесности; јас тогаш не бев Нинослав од денот што го оставив зад себе, јас бев нестварен но, во исто време, свој и најсвој, исполнет со крв и пламен што беа мои и што ми ги движеа дланките по жената меко распослана над мене, по нејзините коси, по рамената, по грбот, по задникот и надолу по бутовите, и пак назад за да може да продолжи играта што Ема ја очекуваше: од основата на задникот благо но долго, низ одмерени интервали, да ѝ ги ширам, да ѝ ги поткревам и пак благо да ѝ ги спуштам двете крушкасто заоблени и топли половини во чиј засек во исто време ѝ се придвижуваа, се подотвораа и повторно, се собираа скриените, најинтимните устинки на нејзиното тело.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Машкиот дел пред зградата беше прекриен со добро одгледан тревник со детелина чие зеленило и свежина раѓаше кај мене, истовремено, и тага и радост, и копнеж и болка, и нешто недоволно јасно во сеќавањата, и нешто премногу остро во нив, нешто што сечеше како срча навлегувајќи длабоко во месото на животот, и јас тогаш се повлекував во ќелијата, клекнував во аголот наспроти креветот, ја ставав главата меѓу коленици и плачев како дете, или можеби само сакав да плачам како дете на сет глас; да, јас сакав да плачам, но не можев оти рапава грутка ми го затнуваше грлото и ми го параше до изнемоштеност и чувствував тежина на камен под кој лежев како болно дете на пелена и сонував страшни соништа, го сонував животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Си велев јас тогаш - зборуваше мајка ѝ, како сама за себе, - кога ти предложи Хелвиг да тргнеш со него - не се оди со странец.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А утре вие да ми платите за последните два месеца. (Излегува.) ЉУБА: Оњегин, јас тогаш помлада... јас подобра, се чини...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: Онегин, јас тогаш помлада, подобра...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Да, јас тогаш станав послаба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И јас решив да патуваме. – И сега сигурно знаеш на какви опасности се изложувавме! – Јас тогаш знаев само дека се готви „соединувањето” со Италија!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Реков јас дека сте Грци. Да, Грци, сте и ништо друго!“ Јас тогаш ништо не реков.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ти имав пријателе, и јас тогаш, како и ти сега, скрита мисла, да го следам патот на јагулите, пред неизвесни времиња како можен излез и спас од своите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дисциплинирањето на желбите кај гулабите јас тогаш си го замислував како одземање на небото за нивните крила.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Така на времето потскокнуваа и танчерките во Хавана, само што јас тогаш не носев очила и што тогаш не ми требаа никакви совети за рационална употреба на преостанатите години.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ако веќе треба да седам и да ја гледам истата работа што ја гледав и синоќа, јас тогаш не сакам да биде во суштина иста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ники Хаслам ме однесе кај неа на вечера во станот на Парк Авенија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, што се однесува до мене, јас немам врска со тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас тогаш бев мал, ама паметам како децата по полињата ја шуткаа неговата попска шапка со денови, сѐ додека некаде не исчезна.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како што јас тогаш си замислував, тој во Атарот разговараше и се договараше со дедо Господ, што и како да биде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Добар човек ми се гледаше дедо попот, ама јас тогаш тоа не го знаев.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога јас тогаш нејзе ѝ реков дека ако таа мене не ми го дава клучот, тогаш јас ќе ја сменам бравата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас тогаш не забележав, се разбира, дека таа нешто се досетила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие мислеа оти јас со тоа за нив работам ама така јас тогаш ем си ја ратисував душата ем си ја спасував кожата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако е пак во добро расположение, ќе почне да бара низ фиоките и јас тогаш ќе го искористам моментот и убаво ќе разгледам што учи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Меѓу многубројните растенија претставени на килимот, едно дрво ми заличе на бреза и јас тогаш му кажав дека моето име е всушност име на дрво и, не знам зошто, но прв пат се осмелив некому отворено да му се пожалам дека таквото име многу ми пречи и ми носи големи неволји.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми еднаш ме праша кој знак во хороскоп е Мила и јас тогаш не знаев да ѝ одговорам, но отпосле дознав дека е Риба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми беше одушевена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)