ѝ (зам.) - заличи (гл.)

Ова обраќање кон мажот дури и нејзе ѝ заличи на лажен повик за помош.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Присутните во свечени тоалети, огромните кристални лустери, спојот на раскошот и носталгијата ѝ заличува на телевизиските преноси на Новогодишниот концерт во Виена.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога Тодора го најде таков, бел како изваден од варница каде несреќно се струполил, крвавата чалма веднаш не ја препозна: таа ѝ заличе на покровот Христов од манастирот Нерези, со кој пред векови му ги завиткаа светите рани на божјиот син.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)