ѝ (зам.) - признае (гл.)

А колку до ставата, Бојана не можеше ни да ѝ признае нејзе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Песната беше неочекувано добро, дури восторжено, примена од критиците во литературната дружина, што инаку несомнено повеќе уживаа да срежат некоја жалосна творба на духот, да ја исмеат заедно со нејзиниот творец, отколку да ѝ признаат какво да е достоинство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Госпоѓа Камилска не можеше во мигот да разбере за какви нови времиња се работи, прашално го погледа својот сопруг, а тој продолжи: Ние работиме да го спасиме Балканот, иднината на нашите потомци...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски тоа добро го увидуваше и еднаш со отежната совест и ѝ призна: Уште малку ни останува да го завршиме нашиот проект, потоа ќе дојдат подобри времиња, те уверувам...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едо ѝ призна кој му е непосредниот повод да ѝ се јави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ноќта, кога мајка ми дојде да ме “заспие”, сè ѝ признав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сон не ќе ме фатеше да не го сторев тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Немам пари – нервозно ѝ признав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ти само качи се, а јас ќе те чекам пред зграда, имам пари, мајка ми ми остави да купам нешто за јадење.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мамо, - ѝ признав, - она што ви го раскажав не беше сосема вистина. малку претерав за да биде поинтересен нашиот роман.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Од инает го велиш ова – ми забележа Дуда. – Сешто говориш од инает.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И само што го помислив ова побрзав да ѝ признаам на Дуда дека е многу поздраво да страдаме по нечии гради одошто да си страдаме од умот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А и тој некако ѝ признал како му се случило да се најде во шумата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)