Навистина чувствуваше единство со земјата, со самиот центар на земјата и надвор од земјата, и како нов бран од животот да ѝ протече во неа, така што таа се почувствува посилна, многу посилна од кога и да било, и тогаш немаше ни болка во грбот ни мака во срцето, туку го имаше само чувството на надуеност и набабреност во длабочината на своето тело.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
— И за малку слинките што не ѝ протекоа, па си вели: „Магарице стара, стрвла една! Ами ако не ти беше празен поасот?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)