Тој ја замислуваше иднината на Италија организирана од многу вакви мали заедници со колективен социјален живот каде што парите веќе не ѝ служат на економијата туку на судскиот систем.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога Бојс беше во Италија, на пример, тој ја сфати важноста на ситниот бизнис.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сето ова е екстремно актуелно.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но и оттаму, сметајќи ги за испоганети и недостојни да ѝ служат на верата Христова, ги пашкаа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Еден син ми загина за Бугарија. Другите двајца сега ѝ служат на Бугарија. И јас ѝ служам на Бугарија. Да!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кон половината на овој пат, четирите писти во должина од десетина километри, се сврзуват во една, така што претставуваат провизорен аеродром, што ѝ служел на Хитлеровата авијација.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Уште во текот на големата моќ на Империјата, па сѐ до нејзиниот конечен пад, јаничарите или ќе се побунеа, па ќе ѝ го дадеа најсилниот отпор на Империјата, или ќе продолжеа во нејзините редови како везири и војсководци, како филозофи и писатели, како хроничари и историчари, кои колку што ѝ служеа на Империјата толку отворено или таинствено му служеа на својот народ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Марија беше убава жена: имаше привлечно лице со блага насмевка со која ги откриваше бисерните заби, кои, се чинеше, повеќе ѝ служат како украс, отколку за јадење.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тие беа створени да ѝ служат, а таа да им враќа, со својот сочен поглед и шарм.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Арсо се покорува на повелбата, тој ѝ служи на идејата, на себеси, на другарите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Овие предмети ѝ служат на цел што не ја исполнуваат дури ни „позитивните претстави“ за геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Пелагија, таа, кутрата, ќе го земе под своја рака! и спуштајќи ја главата над бовчата што ѝ служи како перница сосема ќе се доразбуди оти врз нејзината глава ќе првне нивниот петел и со кокодакање и удирање на крилајата ќе избега низ широко отворената врата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
-На записничарот му реков: Сè додека се бави со редење на констатации и упатства место да поставува прашања а потоа вистинито да ги запишува одговорите, неговите записници за жал нема да ѝ служат на татковината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Суштината на ваквите учења е во тоа дека животот во овој свет ѝ служи на некоја повисока цел, која не е лесно да се одгатне, но која несомнено значи усовршување на човечката природа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Веројатно духовниот дел на човекот – душата, треба да биде предмет на тоа воздигнување и облагородување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)