ѝ (зам.) - стои (гл.)

Попладнето ме облекоа во нова облека и ме зедоа за рака за да седнам до неа. Ѝ стоев над главата нем и скаменет.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тука беше нејзината невестинска кошула, бела како снег, со ситен алов вез, која ѝ стоеше толку убаво кога беше невеста - висока, јадра, црноока и чудно убава Бојана.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Навидум, имаа прво: широките стапала со кои самоуверено го грабаше потчинетиот простор, премногу здравата, волчја отпорност на блескавата насмевка, малите, цврсти гради што во четвртата деценија ѝ стоеја исправени како штотуку распупена девојка, таа мускулеста едрост на целото тело кое на нејзините платна со паганска надмоќ лебдееше над урнатините на згаснатите светилишта, пламените кадрици со по некое седаво влакно, што се извиваа околу лицето како змиолики фалуси – имаше невообичајан „машка“ сила за една пост-симболистичка сликарка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И потоа ја совладува уморот создаден од обидот да се справи со звуците; пискотниците и криковите во психијатриската клиника Гнездо како да се оддалечуваат од неа, како да доаѓаат од далечината, и повеќе не се човечки гласови, туку звук кој го создава ударот на човечката болка, претворена во гнев, по гонгот на судбината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И потоа го слушав бавното дишење со кое како да поттурнува некоја болка која ѝ стои во градите, тоа е една грутка која го има обвиткано прашањето зошто воопшто постои ако постои вака, и среќна е сѐ додека таа грутка е сѐ уште околу таа мисла, затоа што мислата, соголена, без таа грутка околу неа, би била неиздржлива.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Исто така мислам дека оваа неадекватност ѝ стои на патот на една непристрастна проценка на вистинската вредност на феминизмот како философија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Пресното месо на растргнато јарче, од кое таа не можеше ни да лизне, иако ѝ стоеше на дофат, мирисаше толку густо и раздразнувачки, што таа многу посилно ја сеќаваше таа миризба што опијанува, отколку болките од своите лути рани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првото мислење за тоа како ѝ стои намерно го побара од Ѓорѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На Рада ѝ се симна карпа од градите. Конечно ја проголта грутката која долго ѝ стоеше како тапа во грлото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Којзнае каква сила ѝ стои во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почнаа да ѝ се бројат и влакната што ѝ стоеја како подгорена трева.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На крајот почнаа да ѝ се кубат веѓите, клепките, ѝ се соголи целата глава. Ѝ се покажуваше само оголената кожа поплавена со непријатно црвенило и красти.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На масата стоеше речиси до половина испиено шише црвено вино по вечерата ѝ стоеја уште неколку нераскренати садови.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кусо, самоделски истрижана. Ѝ стоеше како четка. Штркната нагоре.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа гледајќи го како ѝ стои на прстот, како блеска на сонцето, трепереше од радост.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ене не, слепелнице, гушничето од Стоанка шо убаво ѝ стои на гушата! Ами види, песјачката, шо гуша има.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас и Бил се согласуваме речиси во сè, освен во една работа: тој смета дека неодамна требаше да ја викне Кери Вошингтон како гостин во своето шоу, додека јас мислам дека тоа требаше порано да му текне и почесто да му текнува, барем до промената на власта (во Бушовиот режим Кери е лута опозиционерка, а лутината преубаво ѝ стои).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Убаво ѝ стојат тие сандалки. Не би било лошо да ги прошетаме некоја вечер по баровите на Сансет Стрип.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Маци! Маци! - почна да вика и да шара со погледот додека виљушката сѐ уште ѝ стоеше во рака.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога се завртев, таа влегуваше внатре боса и ја затвораше вратата - чевлите воопшто не ги ни внесе внатре.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Вотната во партизанските пантолони на Димостена и забрадена во една ветва шамија копаше дупки по падините на Водно, и така облечена со тезгере влечеше малтер до најгорниот кат на егејската зграда, само сега не мора така да се облекува, убаво ѝ стојат било какви фустани.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И устата ѝ стоеше згрчена и со прекасан јазик.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме запре со некој страв и радост што ѝ стоеја заедно на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку се радував кога го имав! Дури и го замислував како ќе ѝ стои на мајка ми, на показалецот од десната рака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За да ѝ се задржи бројот девет, ќе мора тоа да го стори.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таму го замислував: дека ќе го извади оној прстен со зелен камен што ѝ стои на показалецот и дека ќе го стави мојот на негово место.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)