ѝ (зам.) - тече (гл.)

Но стрина Спасија уште погласно пиштеше и си ја корнеше косата, зашто од очите на Руса ѝ течеа солзи право прудолу по секотините и право прудолу со секотините се чинеше ќе ѝ истечат и очите со боја на модар јоргован и големи колку филџани, толку што беше огрубена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Треба да си рече оти од нас помош ќе нема, така што почнаа во очите нејзини еленски да ѝ навираат солзи, ѝ навираа така солзи и очите ѝ се полнеа како дупчиња во карпа кога се преполнуваат со вода дождовница и кога ѝ пребликнаа, солзите почнаа да ѝ се ронат од очите и да ѝ течат како на тетка Божана кога ѝ умре детето нејзино Миле на петгодишна возраст.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Солзите сè повеќе ѝ течеа, грлото ѝ се стегаше, и таа плачеше на глас.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бргу го зграпчи братучедот за рака и го поведе некаде во темнината.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Разбра?!“ Таа потврди со главата, а солзите уште ѝ течеа по образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пак ѝ течеа солзи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Солзи ѝ течат по двете страни на лицето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А тука Анѓа ја побара помошта и, не можејќи веќе да се воздржи, писна гласно колку грло што ја држеше: – Намашни, либе Стојане, Намашни Шарка и Мрча, Одбрани, либе, од волкот, Твоето рудо јагненце, – а очите ѝ се навирија со солзи почна да ѝ течат низ темните образи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Стигнав до неа, клекнав, го чистев нејзиното лице од земјата и од крвта што ѝ течеше од челото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знам што беше причината, дали грижата за неа или што ја бацував кога низ устата ѝ течеше крвава пена, можеби беше некоја инфекција.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Стоејќи така, само праша: - Извините, дали е ова Аванос?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Низ ракавите и по слабините ѝ течеше жива вода.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)