А кога би знаеле дека, еве, цел месец, од првиот час, сум ѝ мајка, сето тоа би се попрскало со луга.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Кога слушнав како некој за прв и последен пат во мојот живот ми вели “мамо”, времињата се преклопија – некогаш нејзината мајка во неа ја гледала својата мајка а за мене мислела дека сум ќерка ѝ Амалија, сега мојата мајка мислеше дека сум ѝ мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- А ти, сестро, да не си ѝ мајка на чупата? – праша пониската, цела во црнина. - Мајка ми е - се одгласи Циљка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
САНЕ: Ба ѝ мајката, нека чека. Ми беше страв за тебе.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Ќе ги дотерам татка ѝ, брата ѝ мајка ѝ, сета нејзина роднина пред неа ќе го викнам џелатот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Што знам, Сане, си велев, оној е луд, овој уште повеќе - ја ако има пиштол? Еј, мајсторе, смрзнав.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Ме држеше за рака некое време, а потоа зениците ѝ се превртеа, закркоре, устата ѝ фати пена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)