блазе (изв.) - си (зам.)

Блазе си ти на душата кога мислиш така за твојте деца. И шо е тоа лав дали ќе су а примнал?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Блазе си ви вам! — му рече Толе — живеете, значи, слободно?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Блазе си им на Србите што си го имаат Новак Ѓоковиќ да им го крева моралот додека живеат у транзиција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Блазе си му на тој маж. А можеби и не знае што пропушта, си рече.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Блазе си ти“, му рече Босанецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Блазе си им на бугарските театарџии. Им дојде Едвард Олби, директно од Америка и ги испофали.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го гледаше и му завидуваше: - Блазе си ти тебе, низ зелени треви и убави цвеќиња патот те води, а златното сонце те грее.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На едно место, во една своја тетратка, по едно пијанство, од не знам какви причини, сум запишал: Тешко на оној кој знае да чита само затоа што претходно ги изучил сите букви и знаци на јазикот од кој чита; блазе си му на оној кој знае да чита и без претходно да го знае значењето на знаците; само тој вистински чита.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стариот слепец од Кападокија му одговорил: „Тешко на оној кој знае да чита само затоа што претходно ги изучил сите букви и знаци на јазикот од кој чита; блазе си му на оној кој знае да чита и без претходно да го знае значењето на знаците; само тој вистински чита.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Блазе си ви, велам вам присои ладни, што чувте кај грми на пушките екот, пет векови гласат премрежиња страдни, вик јуначки сега прогласува векот!
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
АНА: Их, блазе си ми, има да пеам, да скокам, да играм!... (Потскокнува од радост.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Море моме, мало моме, Блазе си ти на душата Што си спиеш при мајка ти, При мајка ти, при татка ти.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А на Марко, блазе си му, место мене ќе има жени колку сака, која од која поубави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека јадевме во кујната, Мила рече: - Е, да знаеш, сон ми е да можам да вечерам кај тебе без да морам да барам дозвола од моите. Блазе си ти што тебе не ти забрануваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А бе, Мила – се насмеав – ама ти е некој сон! Да знаеш ти какви јас неостварливи соништа имам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Блазе си им што се постари од мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Блазе си ѝ – си мислев – има среќа таа Ивана.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Блазе си ти - воздивна таа. Еден ден сигурно ќе ѝ го покажам - решив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, јас? Јас во еден Охрид и во Крушево, па Брајчино, и тоа е сѐ. Кој не ти го може тоа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мила одлично ќе може да се снајде со него, дури и полесно од мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И додека така си размислував за моите баби и дедовци, низ влезната врата на нашата зграда излегоа брат ми и Тихи, еден од неговите двајца најверни другари.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Блазе си им, си велам, на високите планини: на нив постојано врне дожд.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Блазе си им на децана што се деца, вели Ристо Коларов, и на говедана што се говеда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Блазе си им анасана на граѓаните, тие ете тие живот поминуваат ја, а не како ние селаните ќе испукаме од горештина, пот да ни тече од челото како река.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Блазе си му, кога е ваков, рече бригадирот Језекил.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Си земам авторска слобода да кажам оти сѐ уште помислувам дека ме замениле во болница, блазе си им...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Блазе си му. Ногата ќе му пропаднеше низ мојата шупливост.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Блазе си му на вашите што немаат бегови над главите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Блазе си му на тој Шекер - си помислив - цел живот јаде бонбони колку што му душа сака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Блазе си му, - си помислив, - колку е подобро да си постар. Девојчињата повеќе ги сакаат постарите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Блазе си ти, - само кусо промрморе и повторно замолкна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе би рекол дека сум прошетал малку по светот.  - Блазе си ти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Е па, дали блазе си ми или еба си ми, како ќе се земе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Блазе си им на приказните – реков речиси инстиктивно. - Кој како нив!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го гледаше и му завидуваше: - Блазе си ти тебе, низ зелени треви и убави цвеќиња патот те води, а златното сонце те грее.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Блазе си ти оти имаш жарче до срцето, велам, ај, и ние да спиеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па кога ќе се осигурам дека тропањето е од добиците, ќе си речам: блазе си им дека тие не знаат ништо. И се топам, како скрушец во ноќта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Блазе си му, се спаси, вели едикојси од ранетите во колите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)