Уште в зори тропна Муарем на малата вратничка и почна да вика: — Ајде Трајкојце, ајде, ставајте посабајле, излегувајте на работа да не претерат афионот, оти ќе колит Адемага, жими вера.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Да се предадеме, Крсте, белким ќе ги спасиме, главите, — почна да настојува Ѓуро, гледајќи ја здравата опсада.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ем, жими вера, ќе оставите мене, јас да изберам еден чупа за Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ахаха, детинска, аџамичка работа, а? Жими вера, ако не најдеа апан'с токму машки ќе правеа, туку благодарение на јузбашијата и аскерот, та излезе детинска.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ајде бакалум. Нека излезат напред и нека кажат: „Ние бевме и тоа и тоа сакаме“. Жими вера, ништо не правам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе праќаме, жими вера, на бимбашијата во Битола, па тој потаму што сакат нека правит.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оти има по планините лоши луѓе како Толета шо го рече сам, та го знајте и вие, го знае и царот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Затоа зачека, а Адем продолжи: — Е, жими вера, јас дојдов да видам вас, ама нели намнисавте за овој работа, еве да кажам пред сите оти ќе правам тој себап.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Жими вера, ако не требит царката тие лошите, којзнае до каде ќе дотераме! — се опреа сите на помошта од „царката" и се растрчаа по сите уќумати по Битола — Прилеп, да чинит абер за нападот на Белоперевци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да донесите главата мене на конакот, жими вера, потаму не велам вам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе вратам коњот, жими вера, ќе кршам коските. — И го позастана малку коњот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Значит, петстотини ако дадат ќе оставиме да носат главите до кајмакамот, ако не нека одат кај Петре нивни, — беше последниот збор на бегот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Жими вера, кажете кој сет, донесете мене нив овдека, бркајте вие работата. Инаку сите под нож ќе клавам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете, токму така излезе. Децата прават — старите оддеваат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Са ваков раначка и јас одам овчар, жими вера.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас, жими вера, не продавам мојот аскери за пари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако најпосле ти наоѓаш за згодно да платат неговиот глава, тогаш јас сакам за неа барем петстотини лири.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А вие раните, вардите него, а тој тепат ли тепат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе давам жими вера, сто пашапароти за џенем, ако сакат рајата да кршит глава, не два.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толку повеќе што си стар пријател на Арсланефенди...
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И ако дојдит работата да запалам селото, ќе запалам, жими вера, со ќеф, од се срце, без да мачит мене некој мисла, ниту на грев да помислам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мене, жими вера, од некое време шубе да излезам сам надвор од селото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Охохо! брак, бе Толе ефенди, брак. Не знаев, жими вера оти си бил дома, проштавај.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ако не дадат, жими вера, пак ќе врзиме ортомите каде вчера и вистински ќе обесиме, — го прифати предлогот и јузбашијата, кој му се виде некако несправедлив; бегот да земе триста а тој двесте лири, но од друга страна и редот си е таков.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„При царцката живот и сила немало кој да кренит рака на мене", а вие спремате и на самиот падишах да кревате рака; Мижи Асан — да ти бајам, правите вие работа, а?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Народот молчеше. Секој во себе се прашаше што сака Арслан со ова да направи, иако сите знаеја што бара.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И ги покани сите што беа на чардакот да слезат со него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете, да правам еден добро и тебе и на селото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе кажиш, жими вера, туку доцна ќе бидит.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Гореле, печеле, вареле, ние вам живи не ви се предаваме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ех, мори, Кате! Не жалам чифлигот, жими вера, оти ќе продадам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе одведам Битола, лично јас, жими вера, и ќе предадам на валијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Жал ми е, жими вера, имат добри луѓе во нив; ама, ете, има и едепц'зи што го кријат тој арамија, и крај сувото — ќе горит и суровото, — изусти Арслан и го викна јузбашијата да му ја сопшти „пријатната" новина — дека го поздравил Толе Паша и му нарачал да оди да се види со него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кажи, жими вера, довечера ќе обесам тука на крушата пред кулата, — остро рече Адем.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ама ако не кажите, жими вера, сите ќе избесам тука на јаболкницата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ќе гориме вас живи, жими вера, ако не теслимите, — пак се провикна кајмакамот и му ги преведе на турски своите зборови на бимбашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ќе му одам уште утре, нели нарачал, та за видување — ала билер () — му одговори Сефедин на мудурот и нареди вечерта да се спреми целиот табур за потера.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како убаво што зборувате така убаво да работите, топ не разбиват ни вас ни нас жими вера, — стана од столот и му се приближи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Тогаш сите вие кумити, нема што.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Имат и ќе најдам, жими вера, ќе најдам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Жими вера и имаат право. Таков магаршчилак да се токмит кај нас, а ние да не знаеме и да не кажеме, навистина за бесење сме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На Трајка му заигра долната клепка од десното око што тој си го протолкува како знак за несреќа и уште толку се наежи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
При овие зборови крвнички го погледна Трајка и нервозно почна да трга од запалената цигара.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ами, ете и деца има со него, ефенди, тиа не пиат ракиа, не пиат тутун, та реку да и зарадуам и ниј.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Воздивна и Мехмед-паша:
„Добро се разбираме со тебе, ибн Пајко ефенди! Жими вера, ти баш аза си.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
– Жими вера, што ќедер му направија тие пезевенци на падишахот наш, и таа е мала џеза за нив.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На, жими вера, затоа дојдов јас.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ти не знаеш него, ќе видиш, ама селанец пак селанец, ќе нарачаш в село кој ќе видит тој Ѓуровчето, нека кажит здравоживо од мудурот, нека дојдит право кај мене, ич, жими вера, потамо не велам.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Жими вера, јас чудам на чорбаџи Ристе и заблазнувам оти вака погодил живот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Еее! кога текнит мене за Вилчето, ем смеит, ем плачит, жими вера, шерет чупа излезе! Го побегна, ем без „збогум" што велите вие каурите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така, таков оро ми се бендисува. Да сум помлад, жими вера, и јас би слегол да поиграм, Ама, ах!...
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ми е жал мене жими вера, младо момче да загине за банбајиала.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Снег ношјата фрли до појас. И јаска, место да ода лево, ојду десно и влегу о албанцкото, пусто да го вида...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Клекна јаска о мрако... знае де се светиците, и почна да се моља...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се чудее људјето, жими вера, ами ка, велее, бре, бре, жена, па сама, по чужо место, толку п’т да пот’пчи... А мене о гр’ндите ми олесна...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Демек, нашиот де, рекоа не чини. Не пее добро грчки...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Потоа рече: - Ако ми бидеш јатак – добро ќе ти биде, Жими вера.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Трчајте в село и што поскоро да ми се донесат парите, оти, жими вера, имам и друга работа. Ајде!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Жими верата ти велам, со животот требаше да ми платиш, па сега како знаеш одборчувај му се на Дика...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
ПОЦКО: Аман, коџабаши, не лути се на нас, ништо не сме криви, жими вера!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Толку бог дал, жими вера ти велам!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: Па и тие се луѓе, коџабаши! И рисјани.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Од тоа повеќе не бараме, а кум Поцко? (Му намигнува на Поцко.) Ние сме ситни луѓе, па ситнеж сакаме да јадеме.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПОПОТ: Газда, жими вера, или сега или бога ми не знам кога ќе можам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Жените, на тие од народната власт, дебелкасти, газлести и цицлести, на колковите и месиштата, само сало, жими вера, седеа под големи и широки омбрели... чуваа лица, демек од сонцето, да не поцрнат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А, вие, будалаците, би рекол, жими вера, опашајте ги мистриите и скепарите и ајде, ојте по селата камен да делкате, куќи да градите...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)