Таквите чувства ја спојуваа и со Деница, но нивната врска имаше и нешто многу подлабоко: Деница широко ја прегрна Илона кога нејзе ѝ беше најтешко, таа ја зближи со Крумета Волнаровски при што врската доби и степен на “службеност” која тие двете се обидуваа (без многу напор, бидејќи тоа навистина го сакаа) да ја релаксираат со постапки кои беа во согласност со обостраната потреба за слобода, за откаченост, за пиздарење и тогаш, или најмногу тогаш - кога се наоѓаа пред сериозна задача.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)