Дури утрото дојде абер дека Татко ги открил сиџилите идека е добро, а набргу иќе ни се јави...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но и кога земените од војска не се вратија, стигна абер дека останале да лежат таму на бојните полиња за слава на империјата и неговото височество султанот, Руса пак продолжи да го чека Јована.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се знае само, и тоа се прикажува, дека Јован, напуштајќи ја засекогаш Потковицата, откако пред тоа им се поклонил на моштите на својот одамнешен предок на Молитвени Води, удрил прекутрупа низ Градишка Шума, па одејќи само по сртот на јужниот лак, и потоа спуштајќи се по надворешните падини на западниот , заедно со придружничката, стигнал на старата железничка станица, новата тогаш сè уште не беше подигната.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ниту некој испрати абер дека Јофан и тефтерот се најдуваат таму некаде, во некој дел на светов, низ кој, последните години, нашиов народ, и тој што преостана по толкуте прокуди, се развеа како семе од глуварица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Значи, тука се на двете места, ако не се извлечкаа преку Кожув или Паек, ама не верувам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Другари, — се провикна тој. — Штабов наш денеска доби абер дека султанот дал башлама за сите оние востаници што немаат лично крвави злочини.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Од еден абер дека се врткаат вадева Бабуна или старо Мариово друго не знаеме, но ќе разбереме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Никаква шега, ами навистина се затресе пашата и се замисли што да прави ако му дојде Тоде еден ден да си ги бара сметките што го брка толку време по Мариово.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По недела две се најде отепан Турчинот, Катил Шериф, на патот за Прилеп; по друга недела две Тоше Налев им стори абер дека го видел Толета во Битола како се шета по атпазар, та се осмелил дури и на ан кај него да појде и да му ги побара седумнаесетте лири што му остана должен Јован Сиве во Старавина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И навистина така стана. Уште по полноќ дотрча еден од мелничани и стори абер дека аскерот излегол и се наоѓа во нивното селце, но никој не смееше да го разбуди Толета дури не пукна зората.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кој сака да иде со нас во Бугарија, нека остане да ги делиме маките додека ја префрлиме границата!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Нѐ истепаа ноќеска Турците, господин војводо, — му се поплака момчето и му ги покажа сињилата по образите и вратот од Расимовиот камшик.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ми прати абер дека ќе е среќен што ќе појдам во бањата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Маж ѝ нејзин отепа еден качак и доби абер дека сето семејство ќе му го сотрат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ти кажаа - пуштил абер дека се преженил во Влашко.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- А ти, не надевај се. Маж ми ќе се врати. - Ќе се врати кога ќе си го видам тилов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тетка Донка, мајка му на Тренадфил има абер дека таткото на трите машки деца се наоѓа во Ташкент.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А се знае дека на расчинетиот не му е дозволено да прави услуги!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој ден и на Мијалче му стигнал абер дека е сменет.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Одвај го дочув шепотниот абер дека само голем галеж ја отсркнува душата.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)