Во замена за тоа ние ќе имаме лице и право да се надеваме од нашиот великодушен господар да добиеме полна автономија во црковното и училишното дело и полна рамноправност пред законот и во месната самоуправа во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не ни е грижа за фабулата, пишуваме за да изградиме одредена автономија во однос на својот живот!
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Како во софистицирана програма за анимација можеше да го реконструира секое негово движење - начинот на кој застануваше пред огледалото и во профил си го гледаше задникот кога пробуваше фармерки, благата повиеност на ’рбетот и затегањето на мускулите дур отвараше конзерва грашок, дланката со која се обидуваше да го задуши бунтот на влакната кои секое утро му прогласуваа автономија во косата, влечењето на нозете во полураспаднатите влечки, сите извивања на телото под различни агли и во различни позиции, кога тоа беше ненаспано, возбудено, бакнато или тажно.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Официјалната бугарска политика застана на гледиштето дека македонски народ и нација не постојат.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По Резолуцијата на Информбирото во делот на Македонија под Бугарија беа укинати дотогашните национални права на Македонците кои ги уживаа во рамките на културната автономија во периодот 1944-1948 и беше забранета употребата на македонскиот јазик и било каква културно-национална пројава на Македонците.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Решението на тој проблем, истакнал во интервјуто Смодлака, е „да ѝ се даде на Македонија целосна автономија во федералната држава, со што би се ставил крај на југословенско-бугарскиот раздор“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
По 1919 г. населението кое беше наклонето кон Бугарија од грчка Македонија беше редуцирано на мал број, а поголемиот број од оние од југословенска Македонија, се чини, постепено ја напуштија надежта за анексија од страна на Бугарија и ја прифатија онаа за автономија во југословенска или во балканско-словенска или балканска федерација".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, за делот на Македонија во рамките на Грција, Јосип Смодлака во интервјуто изнел оцени кои можеби претставувале бреме од неговата политичка активност пред војната, не можејќи да го сфати духот на она што се случувало во делот на Македонија под Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Формирањето на македонската национална држава би можело да се реализира единствено со обединување на сите Македонци (кои живеат во Југославија, Грција и во Бугарија) во една единица, која би била дел од југословенската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во однос на економскиот интерес, ќе истакнат дека "Бугарскиот основен економски интерес во Македонија лежи во добивањето погоден излез на Егејското Море кој, како што истакнуваат Бугарите, бил затворен за нив пред 1939. поради непријателството на грчките власти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но нивната независност пред сè се оправдува со фактот дека: тие се разликуваат од сите соседни народи – тие не се ниту Албанци, ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби – и тие имаат организарано силно движење за автономија во рамките на јужнословенската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сите тие бараа висок степен на автономија во рамките на Империјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)