Делуваше мошне авторитативно, но од него зрачеше доверлива срдечност, беше директен, јасен и транспарентен, совршен дел на големата американска дипломатска машинерија вешто и ефикасно распоредена на целата планета.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Настојуваше, значајната мисија која ја имаше во Тунис, како земја на голем сојузник на Бургиба, да ја ослободи од било каков уплив на авторитет или дистанца со другите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Историски, значи, постои многубројноста на формите на тоа прикажување, па дури и при повикувањето на класичните филозофи, ако се повикува Кантовиот авторитет или се однесува на текстовите на Кант, она што денес се прави нпр. со Кант на одреден начин е ново и сингуларно. Вие сега ја избегнувате историската дијагноза на мислењето, додека, меѓутоа, исто зборувајќи за наследството на Хајдегер, зборувавте за превладувањето на метафизиката и за крајот на метафизиката.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)