агенција (имн.) - и (сврз.)

Партнерот со кој што ја водел модната агенција и секако бившата девојка со која седум месеци живеел во тој стан.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Единствено дополнување кое овде е важно од аспект на работничките права е тоа во измената од 2013 година каде се менува ст. 5 од чл. 9 на ЗАПВ и како еден од условите за престанување на важењето на лиценцата на агенцијата и нејзиното бришење од регистарот на агенции за привремени вработувања се наведува дека „ако на работниците со кои агенцијата за привремени вработувања склучила договори за вработување не им исплатила плата и уплатила придонеси од плата над три месеци, а за тоа не го известила инспекторот на трудот или платата не ја исплатува, согласно со закон, колективен договор, договорот за отстапување на работник и договорот за вработување.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дојде до уште едно прецизирање, имено, дека под инвалидно лице што има својство на работодавец, во смисла на овој закон, ќе се подразбира само работодавец во државната администрација, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, установи, агенции и фондови и други државни институции (чл. 1, ЗИДЗВИЛ/јул.05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)