Доста ја дочека пролетта и еден убав сечков ден ги опра на реката сите мотаници од нејзината предотина, а на другиот ден зеде дваесетина триесет јајца и му отиде на Колобана на анот и за сите купи пет шест чешити бои.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Чакарвелика како да живна. Се разоди низ анот и по дворот, самата за работа се фати, децата како аргати ги хранеше со појадок, со ручок, со ужина и со вечера ги гостеше од она што го имаше или некаде го наоѓаше.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Мажот, да не му се опчади, ја остави на годината откако го купија анот и така таа од Велика стана Чакарвелика, ќерка ѝ се омажи во некое село, а синот еве четири години служеше нечија војска.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тој имаше обичај да почне одоздола со ред, од Балевото анче и до крај до Петка Спасев да тргне по едно дваесетипет, та до дома ќе му се стореше таман сто драма и доста му беше како на стар човек.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во Битола се сретнаа даскалите — витолишкиот Бино и старавинскиот Димо — и почнаа да се глодаат: — Добарден, Јуда Искариотски, — го поздрави Бино Дима на атпазар пред Налевиот ан и плукна пред него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сите германски и италијански камиони, кои врвеа по друмот, носеа храна и муниција, застануваа пред анчето и тука војниците пиеја.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Петре, ибн Бајко, иако манастирот беше, што се вели, не само близу туку поблизу и од трепката до окото, веднаш спроти Скопје, над реката Серава, а на ридот што се вика Вергин, одвај дочека да го пратат на панаѓурот со манастирските чоеци, па да слезе во градот како што тој милее, да слезе и да го разгледа градот што ти имал сто и дваесет чешми и сто и дваесет џамии, над четириесет меани и маала, себил анои и амами, за кои беше многу слушал.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)