Всушност, многу е веројатно дека најголем дел од настраните обожаватели на Џоан Крафорд не сакаат сериозно да бидат таа и сигурно не би се решиле да бидат, дури и кога би можеле.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Идентификацијата класично ја дефинирал Фројд како желба да се биде, а не како желба да се има, но мошне е неизвесно дали геј-мажите (или другите приврзаници на геј-културата кои ги возбудува Милдред Пирс) буквално сакаат да бидат Џоан Крафорд – колку и да уживаат во чувството кога се проектираат себеси во нејзината персона или кога се замислуваат себеси во нејзината улога.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поимот „идентификација“, изгледа, е уште еден пример за необработен, непрецизен чувател на местото на некој попрецизен опис или на некоја попрецизна анализа или категорија што засега ја немаме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Обично прво постои слика која потоа генерира текст преку академските анализи или освртите во весниците.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)