Во спротивно, критичката култура ќе го доживее својот целосен распад, токму на политичката сцена, значи, на општествениот полигон, кој отсекогаш беше егзотичното средиште на нејзиното ритуално исчезнување.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Внатрешниот ритам на разговорот ни диктира тежиштето на непретенциозните и растоварени анализи да го поместиме на проблемот на кризата на интелектуалниот ангажман во посткритичката култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Па, со своите амбиции, ти пожелувам Пулицерова награда и ангажман во Си-ен-ен.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но како што секоја Пепелашка има своја самовила, така и јас по еден магичен телефонски повик го напуштив омразеното работно место и започнав преговори за мојот прв сериозен ангажман во Америка.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
А Мирослав, кога режимот на Милошевиќ беше на врвот на својата моќ, јавно ја критикуваше Зорица Брунцлик за нејзиниот политички ангажман во партијата на Мира Марковиќ, ЈУЛ.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
А притоа не можам ни да си замислам моето професорче колку е усреќено со ангажманот во мојот случај?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А од друга страна чуствувам потреба со некого сепак да разменам неколку вистински зборови.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Наеднаш ми се причинува дека премногу се арчам во необмислени заскитувања.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Наместо тоа, таа бара да се признае онаква каква што е – имено, радикална, бескомпромисна одбрана на убавината, принципиелно одбивање да му се покори убавината како вредност на никакво општествено и политичко размислување кое тврди, колку и да било тоа издржано, дека е посериозно и подостојно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Машката геј-култура не се преправа дека е амбивалентна кон естетското совршенство, а не може ни сосема сериозно и искрено да тврди дека е критички устроена кон него.
Локус класикус за оваа спротивставеност меѓу аполитичната или дури и реакционерна естетика на машката геј-култура и искрениот политички ангажман во борбите за општествен напредок е романот на Мануел Пуиг од 1976 Бакнежот на жената пајак.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За Водичко, целта на критичката јавна уметност е „ниту задоволно самоприкажување, ниту пасивна соработка со големата галерија на градот, неговиот идеолошки театар и архитектонско-социјален систем.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Попрво, таа е ангажман во стратешки предизвици за градските структури и медиуми кои посредуваат во нашата секојдневна перцепција на светот: ангажман преку естетско-критички прекини, инфилтрации и апропријации кои го доведуваат во прашање симболичките, психополитичките и економските операции на градот.“
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)