Затоа и Бахтијар се согласи со предлогот од бимбашиите и во крајот на марта и почетокот на април ги прибра Анадолците во Битола.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мајка ми кон крајот на април ги почна вообичаените подготовки за своето патување во Кан, каде што на филмскиот фестивал службено одеше веќе осум години по ред.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Моето неспокојство и нестрпливоста растеа, зашто „нашата среда” со тоа нејзино патување уште повеќе се одлагаше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
11. Кога виде Толе дека селата се наполнија со аскер, а и времето заклучи, народот војската го задржа во селата, јасно му стана дека не ќе може да презимува по меќанот — по колиби трла — како што правеше минатите години.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пурим, ѝ одговара на мојата душа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Празникот доаѓа по мачната зима и двата дена во март или во април ги исполнува со радост, славја, балови и размена на подароци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)