Меѓутоа, идејата за обединување беше на прагот на своето остварување, откако беа изготвени Декларацијата за обединување од 29 април 1924 година, Протоколот за обединување на македонското револуционерно движење од 30 април истата година и Манифестот од 6 мај 1924 упатен до македонскиот народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
И покрај тоа што тој обид пропадна, сепак, една година подоцна, 1925 година, во Виена, врз принципите на Мајскиот манифест, беше формирана Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета).
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во април истата година, во воденско се формира МАО (Македонска антифашистичка организација).
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)