Љубопитен поглед низ клучалка ѕирка Звуци што ме потсетуваат на една дамнешна свирка Ренесанса и Барок во учебник со илустрации Птици и чкртаници разни гледам – опадната креативност душава ми ја дразни Празни зборови празна палета Пораз на мојата неоправдана суета Бог, мислев друга судба ми креира Но играм впрочем како што ми свират Си честитам – постигнав судбина на марионета 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Лајпциг е историски град, полн со споменици, со многу старини, град во кој можеби најмногу е изразен барокот во архитектурата на многубројните цркви, и секоја од нив претставува само вистинско ремек-део, а на градот, со својата посавеност и со извишените кубиња со кои го сечат небото, му даваат впечатливо убав белег.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)