Палестинскиот народ во овие услови ќе се соочи со два големи егзодуса (во 1948-та и 1967-та), кога не само што ќе биде истеран од својата земја, распрскан на четирите страни на светот, главно во логори за бегалци во мизерни услови за живеење, зависни од репресивните арапски режими кои го инструментализираа палестинското прашање за свои цели, но, исто така, и пред упорното одбивање да се признае историската неправда што му беше нанесена на овој народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Денешните постколонијални дискурси се вкоренети во специфичните истории на културно разместување, без оглед дали е тоа “средниот премин” од ропство кон платежен договор, “напуштање на курсот” на “цивилизирачката” мисија, проблемот со сместувањето на повоената миграција од Третиот свет на Запад или пак сообраќањето на економските и политичките бегалци во рамките и надвор од Третиот свет.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Под ова небо што не ноќева во празни срца она што беше еднаш видено или наслушнато само сè побрзо се оддалечува во чудесна преобразба од бегалец во прогонувач кој не верува дека некогаш пак ќе ни се придружи.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Глеј само како му слабее чекорот Како му истечува времето И како исчезнува во сопственото ехо во глувата пештера на сеќавањето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Под ова небо што не ноќева во празни срца она што беше еднаш видено или наслушнато само се побрзо се оддалечува во чудесна преобразба од бегалец во прогонувач кој не верува дека некогаш пак ќе ни се придружи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А потоа наеднаш пак му се наслушнува одот; Од на преморен коњ Затечен во редок шамак Со облаци инсекти околу вратот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ситуацијата отсекогаш остануваше комплексна. Вистински Гордиев јазол!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)