Муљазимот беше наредил вечерта селаните по еден од куќа, да се соберат утре, да им држи некакви поуки и совети околу редот и безбедноста во селото, по кое обично ги тераше да прават и оро, та да се насладуваат на убавите мариовски моми и невести.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кметот и азите беа се распоредиле и за ручек, беа нарачале да се донесат дветри овци, брави; да се осучат мазници и неколку кокошки за муљазимот, чаушот и онбашиите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сепак има една надеж: се слуша дека Дедо Мраз ќе им донесе на софијанци поголема безбедност во движењето по улиците.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И покрај преземените мерки на безбедност во терористички атентат во неговата резиденција мистериозно згина еден од најблиските пријатели на Арафат, водачот на военото движење Абу Џихад Арафат речиси секојдневно го менуваше своето живеалиште.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додека спиеше, тој беше како уловено животно кое се бори повторно да ја добие својата безбедност во своето животинско легло.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)