Зарем и јас самата почитуваната spec. не е таа вода, што се прелева од неспокојство во бес, од бес во рамнодушност.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Го оставам само бесот во мене, да ми ја пустоши душата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој јад и бес во неа започнал да ѝ се јавува од оној ден кога мажот ѝ Вајс ослепел.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Но тој веќе беше свикнат да го раздробува тој бес во своите мускули, секја утрина повторно упорно и повторно лудечки загазувајќи во длабокиот снег и цепејќи го неговото море со своите чекори во по неколку бесмислени круга околу пиланата и враќајќи се од таму секогаш полн со една безумна насмевка во своите очи, тоа беше само оној, големиот Ристан, дојден во него, секоја утрина повторно извлечен од заборавот, како првпат сретнат, збеснет и див.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Со бес во утробата што му се крева до повраќање, и со метеж во мозокот што не знае каде му е главата, Баге се метка по улиците на градот како билјардска топка под последен удар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Има доволно лутина и бес во мене сѐ да замислам.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)