Се плашеа стратезите на револуцијата од непредвидливиот бес на оние со кои победија во војната, ја изведоа револуцијата, ги обединија луѓето и завладеаја во земјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сѐ уште расположен заради топлиот прием на христијаните таму и возбуден по седумте дена поминати во церемонии на прочистување во храмот, беше навистина изненаден од бесот на толпата со која се соочи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Бесот на говорителката од скалите пред Националниот театар најмногу се огледал во реченицата: „Лувр е гробницата на бугарското кино!“
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Никој не се држи под папок од болка заради бесот на Проказник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го јавна коњот и удирајќи го со петиците по мевот го истури сиот бес на него.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Преку обете усни му се протегала гребаница - бодел со нож, бодениот се бранел со нокти, бодел брзо и со кратки удари и ја присвоил пушката зашто рацете му биле покрвави од на другите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Очајни во својата тага, малкутемина од вас што се собраа кај мене во Рим, преплашени од бесот на владетелот, заплакаа пред моите нозе и рекоа: ’Татко!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)