Во свеста ја впивав и ја задржував многузначната уметничка визија за универзалните пориви кон побожноста, како еден од облиците за разбирање на човековата судбина во непознатиот бескрај на постоењето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Беше се искачил на бината во дворот, го ловеше дождот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Ќе имаме свирка, се пофали Ема, а неколку долгокоси тинејџери, како по правило сите тенки како црви и високи како професионалци во НБА, почнаа да се плеткаат околу тапаните на малата бина во Златно славејче.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)