Со нив требаше да се заокружи овој Реквием, во чие поетичко јадро, во неговите првични, рани песни, смртта на поетот е доживеана и искажана во еден неоромантичарски и симболистички пев при првичното модернистичко искуство, како смрт на славејот во занесот на пеењето, кога сето битие на поетот е обземено само од чинот на создавањето на песната и од поттикот таа, долго носена во себе, да се испее, да се забележи и соопшти.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
(...) Мистичката литература за амблемите насочена кон маниристичките кончети во 17-иот Цртеж, Aldrovandis век течела паралелно со изразито сликовните (илустрација за Херодот) интерпретации за битието на тогашните големи мистици. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 244
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Конечно, и Првиот завет не бил утврден без крв.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Заради нив тој метафизички коридор е отворен за поетската средба со смислата од која се раѓа симболистичката напнатост во модерното битие на стихот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Човекот, значи, генетски е предиспониран да биде битие на физичката и моралната болка.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Песната е преобразено битие на нејзиниот автор кој самиот себеси се осмислува во - завет.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Длабоката потреба на песната да влезе внатре, во најдлабоките длабичини на битието, Озрачен (Од дална ѕвезда) Медоточен И По ро чен. е пораката што го длаби своето постоење во тие длабини и го оплодува неочекувано битието на суштината, битието на длабокиот дух осеменет од порокот на создавањето.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Направи пак пауза отец Иларион, отпивна од чашата, ги избриша неколкуте капки вино на брадата што блескаа како скапоцени каменчиња на светлината и пак продолжи: - Свети Софроние Ерусалимски вели дека господ при создавањето на светот ги поделил битијата на времени, минливи - тоа се неразумните, а разумните ги обдарил никогаш да не умираат и да не се распаѓаат како материите што имаат времен карактер и што се појава, а не суштина.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)