Едо Бранов чувствуваше благодарност кон Јани што ќе го однесе во хотелот каде што ќе може да здивне.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Нивните дисхармонични крици, кога ловот е завршен, и големите туни се предадени на смртта, се претвараа во некаква песна на победата, во еден хор на лудило, во една химна на апсурдот, со погледи упатени кон небото, во знак на благодарност кон овој дар од небото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сакаа овие педесетина силни и добро обучени ловци на туни, на чело со нивниот капетан Монги да покажат дека се јунаци на денот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кон него таа повеќе изразуваше стравопочит (тоа можеше и да се глуми) отколку искрени интимни чувства, но со благодарност кон него секогаш беа исполнети нејзината душа и нејзината уста од која можеа да се чујат најубави зборови за сè што тој направи таа да се вклучи меѓу неколкумината соработници со врвушката на Центарот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)