Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)