И во суровото Толево срце се разбуди нежност и тој не можеше да ја скрие пред благодарноста на младиот пратеник што дојде да го прибере овој суров човек и го впрегне во благородниот јарем за општото народно дело.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас, пак, тоа го толкувам како благодарност на мечката.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И што добива таа за таа загуба? Благодарноста на Бугарија. Може!
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се почувствува фат на човечка рака и, благодарноста на бавчата што ѝ пружам нега и што ја избавувам од заборавот, што ја враќам во живот, ми се искажуваше секој ден.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А и дружината го осети постигнатиот споразум, та и таа ги подели тие чувства.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)