Кожата им трепереше во ситни бранчиња; од очите им избиваше пламен; чувствувајќи го освежувачкиот благодет на водата, завлегуваа сѐ подлабоко во езерото да се ладат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Пелагија не само што најмногу се израдува, туку таа и неколку пати ги посети запознавајќи ги благодетите на нивниот нов стан.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
– На ист начин, со бакарен отсјај, свети човековото око кога ќе вкуси дел од посакуваните благодати на нектарот на среќата – зборуваше старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Си помислив, зарем покрај толкуте луди забави и другите настани што ги смислија електронските забавувачи за да ни ги приближат благодетите на техничките иновации, сѐ уште постојат пребарувачи и на одживеаните литературни куриозитети?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)