Откако се сместија во омилениот мал хотел близу до галеријата, наместо со кола или такси, на инсистирање на Френк, неколкуте убави стари блокови згради од цигли што ги делат од галеријата ги минуваат пеш, по дождот кој ослабна, со намера да проверат како галеристот на Џоен ја поставил изложбата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Патем од соговорникот разбрав дека „Бетон“ изградил два големи трговски центра - еден во Франкфурт, и уште еден во Фирнхајм, со по околу 50.000 квм. продажна површина; хотели во Бадзаген; па блок згради на старечкиот дом во Оберурсен, и други објекти.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)