бовча (имн.) - и (сврз.)

Тој го извади ќесето, и бидејќи Бисера беше ја разврзала бовчата и ја извадила кошулата, попот фрли и на неа една франга и честита родителски.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кокошките ќе се раскокодакаат, ќе претаат со нозете, ќе ги шират крилата, ама не ќе можат ништо да сторат, ќе дозволат да бидат однесени во просторијата под плочата каде што Чана веќе приготвила легало за неа и за нејзините пилиња веднаш до другата просторија во која ја смести својата мајка , нејзините бовчи и себе си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Кога тргнав да одам да слугувам кај Ризван-бег, имав десет години. Мајка ми спреми една бовча и се затскриваше да не покаже жал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Одеднаш скокна, крена една своја бовча и една од бабата Петра и завлечујќи го најголемкото од внучињата на Петра замина надвор.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)