бог (имн.) - кој (зам.)

„Ако, чедо“, му вели, „сите му ги крадеме деновите на бога кој колку што можеме, иако знаеме дека животот ни трае додека не ни догори свеќата што тој ни ја пали уште кога ќе се родиме...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Несомнено е дека нашата стара словенска вера е вградена во новата, заедно со паганските култови, со обичаите и боговите кои добиле нови имиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сепак ги носеа обележјата на нивното велможје, ги славеа боговите кои населуваа сосем инаков свет од овој, ги пееја старите песни со зборови, кои, архаични, им се чинеа како цврста залога на некогашната моќ.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Додека се симнувавме по скалите, се чувствувавме бесмртни како богови кои се спуштаат на земјата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Култот на Јахве, според брат ми, меѓу Евреите го раширил мадијамскиот овчар кој имал исто име како и египетскиот водач - Мојсеј; но овој, вториот Мојсеј, под чие водство еврејскиот народ ја освоил земјата хананска, проповедал Бог кој бил потполна спротивност на Атон: Јахве бил обожуван од арабиското племе Мадијамци како „страшен, крволочен демон кој се појавува ноќе, додека избегнувал дневна светлина“; „суровиот, тесноград, локален Бог, насилен и крвожеден, им ветувал на своите поклоници земја ‘во која тече млеко и мед’, ги повикувал да ги истребат ‘со оштрицата на мечот’ нејзините тогашни жители”, сосема спротивно од проповедите на египетскиот Мојсеј кој на Евреите им дал “поинаква, продуховена претстава за Бог, идеја за едно единствено божество кое го опфаќа сиот свет, божество кое е исполнето со љубов подеднакво колку што е исполнето со моќ, и кое на луѓето како највисока цел им го поставувало животот во вистина и праведност”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Минале еони, и човекот започнал да се обидува да си ги објасни нештата – громот бил небесното копје на разлутено божество, сонцето било бог кој пропатувал преку небото, а лудилото било последица на опседнатоста од божји или демонски сили.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако “египетскиот Мојсеј никогаш не бил во Кадис ниту пак го слушнал името Јахве, а мадијамскиот Мојсеј никогаш не бил во Египет ниту пак знаел нешто за Атон”, тие останале запомнети како еден човек, затоа што “Мојсеевата религија ја познаваме во нејзиниот конечен облик, во каков што, да речеме осумстотини години по Ишодот, ја фиксирало еврејското свештенство”, а во тоа време двата Мојсеја веќе биле соединети во еден единствен лик, и Атон и Јахве во еден единствен Бог, во самиот себе различен онака како што се различни денот и ноќта, токму затоа што се два бога во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали тие, опседнатите, бегале од својот дом, и се вовлекувале во животинските дувла, без свест дека ѕверот кој лежи таму ќе ги раскине?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со усти проколнати благослов барам од господ БОГ кој ме испрати на земјата. Со раце дигнати кон небото...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)