Станував сигурен дека секој мој изговорен збор во вербалната арена со водичите, ми се враќаше како силен бодеж во душата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но, елените не разговараат со играчки, особено кога се мамурни, а играчките почнуваа да се жалат – ту како некоја си ја шинала ногата или го исчашила колкот, како си ја потстругнала главата, или ѝ побегнало тркалото, приколката, па ти бара клуч, шрафцигер, ту ќе ти побара да ја подмачкаш со ова или она, небаре така ќе и престанат бодежите во слабината...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Одеднаш почувствува бодеж во слабината, се фати за стомакот, а тоа беше доволно да се ослободи од сликата со човекот седнат на клупата, и пак бавно да зачекори низ затворската соба, движејќи се до вратата и назад, до под решетката, и пак до вратата, и пак назад.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Погледот ѝ е опасно заводлив, па од возбуда добивате бодежи во срцето.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Јована го штрекна бодеж в срце и си помисли.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— И се растрча по сите одаи. Се успокои кога ја најде скриена во земникот, кај ковчезите, легната под веленцата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)