- И за од болви и за од вошки, велам, за да биде чиста земјата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А сега, ко посрано дете се мешколи пред нас, си мислам, - За држава треба цар, даскали, доктори, писари, вели војводата, а ти имаш само болви и болвосерки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не се спие внатре не само од топлото, туку и од болвите и од тавтабитите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Луѓето ги оставаа убавите куќи, топлите одаи, богатите градини зад куќите, ги оставаа дрвените кревети, долапчињата, садовите што ги имаа присобрано или откопано од дворовите и градините, си ги врзуваа старите пљачки во бовчи, ги префрлуваа изврзаните кокошки преку рамо не водејќи сметка дека ќе бидат испосрани, ги дигаа сламариците со сѐ прав, болви и раздробена слама - се преселуваа околу огнот на дедо Костадин.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Жената се истави подалеку од нив, како зрна чиничка ги истркала зборовите дека уште оваа недела таа ќе се погрижи да воспостави врска со грчкиот Црвен крст ама бара од нив двете да ги зачистат децата од болви и вошки, убаво да ги облечат за кога ќе стигнеле кај своите родители да не ја срамотеле слободна Македонија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)