— За нејзината болест немам апчиња, вели Подувкина и ми става топломер под мишката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Клара секогаш зборуваше за мајчинството како за нешто што им се случува на другите, како нешто во што може и треба да помогне, ако некоја мајка се нашла во невоља.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Додека таа се смируваше во прегратките на синот, тој рече: - Мајко, ти знаеше добро, како што веќе рекоа и лекарите, а посебно професорот по интерна медицина, дека од оваа болест нема оздравување, но таа може да се контролира и да се живее долго со неа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога бегавме од болеста немав време да мислам кај сум, кај ноќевам, како ноќевам. Тогаш мислев само на децата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Не, не е она на што помислуваш ти. Таа болест нема видлива рана. Тоа е болест на душата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сара и јас понекогаш зборувавме за мајчинството, и еднаш Сара ми рече: „Докторите ми велат дека мојата болест нема да ми попречи да станам мајка,“ и помина со рацете по металот околу своите нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Илузија на отровни човечки гадости. Од оваа болест нема лек.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)