Каква апсурдност! Сите во срцата носиме по една скршена стрела.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се знаеше дури и дека ова не е одмазда, уште не, туку непознато задоволство, болно задоволство, капки лимон на рана чиј бол е нужен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Втората негова болка е онаа, кон државата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Зар нашата болка е неколку сантиметри поголема од вашата?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Имаше чувство како О'Брајан да му е заштитник, дека болката е нешто што доаѓа однадвор, од некој друг извор и дека токму О'Брајан ќе го спаси од неа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
1. Кога те сретнав беше минато
крстоносна селидба, смртоносна веридба
сега спомен долг таинствено ме коле
љубовта со тага ме дои, нелулани мои
во мене некој исконски бол е,
сама сум како заборавено време.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Животот е болка, но ефектот од таа болка е стравопочит пред опасната убавина и чудото на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Рамнодушно ги мразам сликите кои како дежаву се појавуваат пред моите очи тогаш кога најсилно посакувам да ги заборавам, во нив имаше нешто трагично, инсинуации, глува тишина и привид на среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)